Свет 30. септември 2019. / 19:03

(ВИДЕО) Дронови и ракети ги разнесуваат нафтените постројки во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Дронови и ракети ги разнесуваат нафтените постројки во Саудиска Арабија

Досега необјавени снимки од сигурносни камери детално го прикажуваат моментот кога беспилотните летала и ракети удираат во нафтените рафинерии и постројки во Саудиска Арабија.

Камерите, сместени на објектите кои се погодени, ги забележаа експозиите и оганот кој го произведоа ракеите ракетите и дроновите. Во деветата секунда на снимката може да се забележи и една ракета во горниот лев дел од екранот.

Нападот е извршен на 14. септември во регионите Абкаик и Хураис, на истокот на Саудиска Арабија. Во првиот дел од офанзивата, беспилотните летала „камикази“ со многу мали димензии се насочени да им попречуваат на системите за противвоздушна одбрана, велат воените експерти. Во другиот дел, крстосувачките ракети предизвикале поголем дел од штетата врз постројките.

За време на нападот, воздушниот простор околу рафинеријата бил заштитен со ситстемите за противвоздушна одбрана „Патриот“, „Скајгард“ и „Кротејл“. Меѓутоа, ниту еден од нив не успеа да го открие доаѓањето на беспилотните летата и на крстосувачките ракети, поради кои воените експерти ги критикуваа системите.