Свет 15. јануари 2021. / 10:01

(ВИДЕО) Драма во Њујорк: Автобус виси на надвозник, најмалку седум лица се повредени

(ВИДЕО) Драма во Њујорк: Автобус виси на надвозник, најмалку седум лица се повредени

Најмалку седум лица беа повредени во Њујорк кога автобусот излетал од надвозникот во Бронкс.

Според полицијата, сите патници на автобусот биле повредени и биле пренесени во болницата, пренесува британски Гардијан.

Службите за итни случаи ја затворија областа поради инцидентот.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека автобус се разделил на два дел, неговиот преден дел паднал од надвозникот, а другиот дел останал на надвозникот.