Свет 21. јули 2019. / 11:06

(ВИДЕО) Драма во Лагос: Човек се качил на крило од авионот пред полетувањето

(ВИДЕО) Драма во Лагос: Човек се качил на крило од авионот пред полетувањето

На аеродром во Лагос, Нигерија, човек се качил на крило од патнички авион непосредно пред полетувањето. Тој предизвикал паника меѓу патниците и секако, веднаш бил уапсен.

Драматичните снимки од авионот покажуваат како човекот се качува на работ од млазниот мотор до крилото на авионот „боинг 737“, а потоа оди кон кабината.

Според новинските агенции во Нигерија, авионот чекал дозвола за полетување кога човекот бил забележан како се качува на крилото, пренесува „Индипендент“.

Се посочува дека засега не е познато како човекот успеал да стигне до авионот, иако аеродромот „Муртала Мухамед“ во Лагос и претходно имал проблеми со безбедноста.