Свет 18. декември 2020. / 20:59

(ВИДЕО) Додека целиот свет воведува рестрикции, во Вухан се врати ноќниот живот

(ВИДЕО) Додека целиот свет воведува рестрикции, во Вухан се врати ноќниот живот

Во Вухан ноќниот живот се врати во нормала, после седум месеци откако се укинаа рестриктивните мерки поради заразата. Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот е Жан Кјонг, која го прослави својот 29. роденден со пријателите во вуханска пивница.

– По сè низ што поминав за време на првиот бран на пандемијата во Вухан, а потоа откако бев ослободена од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Жанг, која работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат беше првото жариште на заразата, пренесува „Ројтерс“.

Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во град на фестивали.