Свет 26. јануари 2020. / 21:07

(ВИДЕО) Демонстрантите ја запалија карантин-зградата за заболени од коронавирусот во Хонгконг

(ВИДЕО) Демонстрантите ја запалија карантин-зградата за заболени од коронавирусот во Хонгконг

Демонстранти во Хонгконг со Молотови коктели запалија празна зграда што требаше да биде карантин-зона за потенцијални носители на вирусот 2019-nCoV.

„Овие акции за уривање се сериозна закана за безбедноста на граѓаните“, нагласи полицијата во соопштение.

Стотици жители на Хонгконг блокираа  улици што водат кон зградата протестирајќи против планот тој објект да биде претворена во карантин-зона.

Во Хонгконг веќе има шест потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус.

Демонстрантите наведуваат дека не се согласуваат со одлуката на Владата таа зграда да биде за карантин бидејќи се наоѓа во близина на станбен реон.