Во судир меѓу полицијата и демонстрантите во северозападниот американски град Сиетл, повредени се десетина лица.
Конфликтот се случил кога полицијата се обидела да отстрани човек кој со чадор го блокирал погледот на безбедносната камера од полициската станица.
Додека полицајците се приближувале кон него, група демонстранти почнале да фрлаат кон нив со тврди предмети, но и со пиротехнички средства. Демонстрантите скршиле и неколку прозорци од полициската станица, како и од околните згради.
Еден од полицајците се здобил со изгореници на вратот и морал итно да биде хоспитализиран.
Во конфликтот полицијата употребила лут спреј и уапсила две лица поради немирите.