Маж во Флорида е приведен откако пукал од огненео оружје, изнервиран што двајца гости не ги почитувале санитарните мерки и физичката дистанца што тој сметал дека е потребна.
Тргнете се. Не ја почитувате дистанцата – ги предупредил Даглас Маркс клиентите нахотелот.
Гостинката од хотелот, Вероника Пења и нејзиниот син, туристи кои на Флорида дошле од Ново Мексико, го игнорирале неговото предупредување па седнале на софата и му свртеле грб.
Ќе се погрижам за нив. Имаме овде две лица кои не ги почитуваат прописите – порачал 29-годишниот Маркс стрелајќи неколку куршуми во предворјето на хотелот.
Никој не бил повреден, а Маркс во полиција тврдел дека се обратил на рецепција за да повикаат помош и испукал четири куршуми во знак на предупредување.
Овој инцидент ја отсликува високата напнатост во Флорида, едно од жариштата на пандемијата на Ковид-19, каде што е заразен секој 50. жител.
Минатиот викенд беше уапсен човек на Флорида кој вперил пиштол во лице кое го замолило да стави маска во супермаркетот Волмарт.