Најмалку седум лица загинаа, а 21 лица се водат за исчезнати, кога синоќа во унгарскиот главен град Будимпешта се преврти туристички брод, објавија унгарските медиуми.
Национална новинска агенција МТИ наведува дека во бродот се превезувале 33 туристи од Јужна Кореја, а на бродот имало и двајца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека се исчезнати 19 Корејците и дека во Унгарија планираат да испратат свои претставници.
Портпаролот на туристичка агенција која ја организирала турата на Дунав, Ли Санг- мо рече дека меѓу исчезнатите има бареме едно дете. Бродот ,,Сирена” бил закотвен во близина на зградата на унгарскиот парламент и наводно во него удрил друг туристички брод, по што се превртел во реката, во која имало силни струи по големото невреме кошто ја погоди Будимпешта.
At least 3 people have died and 16 are missing after a tourist boat crashed and sunk in the Danube River in Budapest pic.twitter.com/m5k4l20gdL
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) May 30, 2019
Според податоците на унгарскиот портал Index.hu, едно лице е пронајдено на повеќе од три километри од местото на потонување на бродот. Иако било во лоша состојба, спасителите успеале да му го спасат животот.
Потонатиот брод е пронајден во 2:30 часот кај мостот Маргарет. Во тек е спасувачка акција во која учествуваат десетина бродови. Целиот речен сообраќај во Будимпешта е запрен, а силните струи, како и ниските температури на водата, го отежнуваат пребарувањето по преживеаните.