Свет 27. март 2020. / 13:25

(ВИДЕО) Британскиот премиер зборува за неговите симптоми на корона вирусот

(ВИДЕО) Британскиот премиер зборува за неговите симптоми на корона вирусот

Премиерот Борис Џонсон е позитивен на тестот за корона вирус. Тој рече дека развил благи симптоми на болеста во изминатите 24 часа, проследени со температура и кашлица.

Најави дека се самоизолирал во Даунинг Стрит, но дека „ќе продолжи да ја води акцијата преку владата преку видео-врски во борбата против вирусот“.

Тој последен пат беше виден во четвртокот вечерта, како ракоплеска пред Даунинг Стрит, како дел од глобалната акција во земјата, во знак на благодарност за посветеноста на лекарите кои се борат против вирусот.

-Јас работам од дома и се изолирам и тоа е во целост, тоа е вистинската работа која треба да се направи, рече педесет и пет годишниот Џонсон во видео обраќање преку неговиот твитер профил.

Тој додаде дека не се сомнева оти може да продолжи да работи од дома благодарение на волшебно модерната технологија која му овозможува да комуницира со неговиот тим и да ја води националната стратегија против корона вирусот.