Свет 05. февруари 2019. / 22:57

(ВИДЕО) Британскиот новинар кој беше грабнат од ИД пред 7 години е жив

(ВИДЕО) Британскиот новинар кој беше грабнат од ИД пред 7 години е жив

Британскиот новинар Џон Кантли , кој беше грабнат со негов колега , кого го егзекутираа џихадистите во Сирија , најверојатно е жив.

Британскиот новинар Џон Кантли , заробен во 2012 се уште е жив , потврди министерот за безбедност на Британија , Бен Валас. Кантли за време на заробеништвото бил користен од ИД во неколку од нивните спотови.

Тој беше заробен со американскиот новинар Џејмс Фоли , кого Исламистите го егзекутираа.

Во појавувањето во спотовите на ИД , британскиот новинар бил критичен кон западните земји и го промовирал таканаречениот калифат.

Министерот Валас не прецизираше дали новинарот се наоѓа на ослободена или на тероторија под окупација на терористите во Сирија.

Џон Кантли известувал од најопасните воени жаришта како Ирак , Авганистан, Сомалија , Либија и Сирија.