Свет 19. јануари 2021. / 20:57

(ВИДЕО) Бајден заплака пред да отпатува во Вашингтон

(ВИДЕО) Бајден заплака пред да отпатува во Вашингтон

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, им се обрати на граѓаните на Делавер пред да се качи во приватен авион и да се упати кон Вашингтон, каде утре треба да биде инаугуриран и официјално да ја преземе функцијата прв човек на САД.

Неговото заминување со авион беше уште една промена во протоколот, а за време на неговиот говор им се заблагодари на луѓето кои беа „поддршка на неговиот пат, и во добро и во лошо време“.

– Ова е емотивно. Преку добро и лошо, сакам да ви се заблагодарам на сите мои сограѓани во Делавер во име на целото семејство Бајден. Сакаме да ви кажеме колку значи тоа за секој од нас. Затоа, многу е лично што моето следно патување во Вашингтон започнува тука, на место што најдобро претставува кои сме ние Американците. Знам дека ова се темни времиња, но секогаш има светло. Тоа е она што ја прави оваа земја посебна. Тоа е она што ме научи, дека секогаш има светлина,  рече Бајден за време на говорот пред седиштето на Националната гарда во Делавер.

Бајден рече дека е горд што ја сподели својата порака со граѓаните пред центарот на Националната гарда, која е именувана по неговиот покоен син Боу, и во еден момент тој заплака.