Свет 24. јуни 2020. / 11:37

(ВИДЕО) Австрискиот претседател Ван Дер Белен и во време на пандемијата оди на работа со јавен превоз

(ВИДЕО) Австрискиот претседател Ван Дер Белен и во време на пандемијата оди на работа со јавен превоз

Австрискиот претседател Ван Дер Белен е некој кому возењето со јавниот превоз не му е туѓо. Таа пракса ја продолжил и во време на пандемијата на ковид-19, за што сведочи и фотографијата која ја објавил минатата недела.

 

„На пат со Wiener Linien (виенски трамвај) во посета на Complexity Science Hub Vienna во Виена”, стои на службената страница на Фејсбук на Ван Дер Белен со фотографија со објава на 16. јуни.