Свет 24. мај 2020. / 20:00

(ВИДЕО) Австралија погодена од најсилното невреме во последните 10 години, бранови до осум метри

(ВИДЕО) Австралија погодена од најсилното невреме во последните 10 години, бранови до осум метри

Обилен дожд, силен ветер и бранови високи до осум метри погодија делови од Австралија.

Како што соопшти Бирото за метеорологија, лошите временски услови се резултат на судирот на тропскиот циклон Манга и студениот фронт.

Официјални лица тврдат дека ова е невреме што се случува еднаш на десет години, јави Би Би Си. Од населението е побарано да го осигураат имотот и да поврзат сè што можат.

Брзината на ветерот достигна до 100 км на час по должината на брегот со налети до 130 км на час, а во некои делови може да падне и до 100 мм дожд.

Невремето ќе продолжи и утре, обајви Би Би Си.