Австралија ја почна својата кампања за вакцинација против коронавирусот, при што членовите на владата се меѓу првите кои беа вакцинирани.
Премиерот Скот Морисон прими доза на вакцина Фајзер/Бионтек во медицинскиот центар во Сиднеј како дел од операцијата за зајакнување на јавната доверба во вакцината.
Сепак, прва на која и се аплицираше инекција беше 80-годишна жена сместена во дом за нега на стари лица.
Австралиската Влада вети дека ќе почне рекламна кампања за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат.