Патничкиот авион „Боинг 747“ од компанијата Јакутија излета од пистата на аеродромот „Внуково“, изјави претставникот на Службата за итна интервенција на главниот град.
„Авионот на релација Нериунгри-Москва, при слетување на аеродромот Внуково, ја промаши пистата за 30 метри“, рече соговорникот.
Во авионот имало 109 патници и седум члена на екипажот, никој не е повреден.
Според прелиминарните податоци, авионот не бил оштетен. Според еден од изворите од аеродромот, патниците го напуштиле авионот на вообичаен начин а аеродромот не бил затворен поради овој инцидент.