Свет 30. октомври 2019. / 18:41

(ВИДЕО) Авион се урна во населба во Атланта

(ВИДЕО) Авион се урна во населба во Атланта

Авионот се урна во близина на станбен комплекс во Атланта, недалеку од автопат.

-Спасувачките екипи се наоѓаат на самото место, рече капетанот на округот Декалб Деон Бентли за ТВ станица во Атланта, а пренесе АП.

Авион од типот пајпер ПА 28 паднал недолго по полетувањето од блискиот аеродром во 10.30 часот по локално време, велат официјалните лица.