Свет 28. декември 2019. / 21:00

(ВИДЕО) Авион се урна во Луизијана, петмина загинати

(ВИДЕО) Авион се урна во Луизијана, петмина загинати

Мал авион се урнал во близина на продавница на „Волмарт“ во Луизијана, а засега има информација за петмина загинати.

Авионот се урнал на место, каде што во близина се наоѓа и училиште.

По падот авионот веднаш се запалил, а телата на патниците се изгорени и не можат да бидат идентификувани.

Во леталото се наоѓале шест патници, но последното тело се уште не е пронајдено.