Свет 22. ноември 2019. / 10:34

(ВИДЕО) Авион принудно слетал во Лос Анџелес откако му се запалил еден од моторите

(ВИДЕО) Авион принудно слетал во Лос Анџелес откако му се запалил еден од моторите

Авион Боинг 777 на филипинска авиокомпанија принудно слетал брзо по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес. Причина за слетувањето бил дефект на моторот, кој се запалил.


Никој од 347 патници и 18 членови на екипажот не се повредени.

Авионот летал кон главниот град на Филипини, Манила.