Свет 30. јули 2019. / 18:55

(ВИДЕО) Авион полн со патници удри во зграда

(ВИДЕО) Авион полн со патници удри во зграда

Авионот на компанијата Кобам авиејшн, полн со патници, удрил во аеродромската зграда во Перт, откако на авионот му откажале кочниците за време на таксирањето по пистата, објави Вест аустралиан.

Во авионот, за време на несреќата имало 62 патници и четворица членови на екипажот, но никој не е повреден, јавија австралиските медиуми.

Патниците брзо биле евакуирани од авионот.