Свет 07. ноември 2020. / 18:29

(ВИДЕО) Американските ТВ куќи го цензурираат Доналд Трамп?

(ВИДЕО) Американските ТВ куќи го цензурираат Доналд Трамп?

Три големи американски ТВ-станици – Еј-би-си, Ем-си-ен-би-си и Си-би-ес – го прекинаа обраќањето на Доналд Трамп од Белата куќа веднаш штом тој спомна дека е победник на изборите.

Тоа се случи во десеттата секунда од неговото обраќање.

„Повторно сме во невообичаена ситуација да не само што мораме да го прекинеме претседателот на Соединетите Американски Држави, туку мораме и да го коригираме“, рече водителот на Ем-си-ен-би-си, Брајан Вилијамс.

Овие избори освен американските ТВ куќи исто така и социјалните мрежи, особено Твитер ги цензурираше изјавите на Трамп за кои кажуваше дека се „невистинити и спорни“.