Маж кој со лажен пиштол се обидел да ограби продавница во Њујорк е обвинет за убиство на полициски детектив , кој смртно настрадал откако бил погоден од колегите.
27 годишниот Кристофер Ренсом , иако не го застрелал полицаецот , е прогласен за виновен за убиството на Брајан Симсон. Станува збор за убиство од втор степен , зашто крадецот со пластичната играчка никако не можел да пука и да го погоди детективот. Полицијата ја објаснува ситуацијата зашто да не бил обидот за грабеж , немало да дојде до потреба за интервенција и пукање.
Крадецот е жив и неповреден , а полицајците го погодиле својот колега. Полицаецот бил убиен во т.н. ,,пријателска престрелка.”