Aмериканскиот амфибиски транспортер „УС Портланд“ изврши успешен тест и со ласерски топ уништи беспилотно летало над Пацификот.
Американската морнарица не соопшти колку е моќен новиот ласерски оружен систем (LSWD), ниту точната локација на тестот, но се знае дека пробата се случила на Пацификот на 16 мај.
Американскиот институт за стратешки студии наведува во извештајот за 2018 година дека се очекува новиот ласерски топ да има моќност од 150 киловати.
Капетанот на „УС Портланд“, Кери Сандерс, изјави дека со овие нови напредни оружја „американската морнарица ќе го редефинира војувањето на отворено море“.