Еден 99-годишен ветеран од Втората светска војна стана најстариот Бразилец што се излечил од корона вирусот.
Ермандо Пивета бил осум дена во болница, каде што во еден момент лекарите биле загрижени поради неговата старост.
Ова беше поголема победа за мене од победата во војната – изјави Пивета по излегувањето од болница.
Министерството за здравство во Бразил соопшти дека Пивета е најстарата личност во земјата што го победила вирусот.