Свет 22. декември 2019. / 21:00

(ФОТО) Верижен судар на 63 возила во Вирџинија, 35 повредени

(ФОТО) Верижен судар на 63 возила во Вирџинија, 35 повредени

Повеќе лица се повредени во верижен судат на автопат на истокот од Вирџинија. Заради густата магла и замрзнат автопат на истокот од Вирџинија, дошло до верижен судар во кој учествувале 63 возила. Повредени се 35 лица, се наведува во твитер објавата на полицијата.

Заради сударот, кој се случил во утринските часови по локално време на околу 80 километри од Ричмонд, автопатот е затворен во двата правци.

Полицијата објави и фотографии од сударот на кои се гледаат повеќе превртени и згмечени автомобили.

Се наведува дека некои лица се здобиле со полесни повреди, но и дека има такви кои се во животно загрозувачка состојба.