Свет 18. февруари 2020. / 09:36

Вера: Постои опасност од пандемија на новиот коронавирус

Вера: Постои опасност од пандемија на новиот коронавирус

Францускиот министер за здравство Оливие Вера предупреди денеска за „веродостоен ризик“ епидемијата на новиот коронавирус да се претвори во пандемија.

Ова е и работна претпоставка и веродостоен ризик, изјави Вера за Радио Франс Инфо, на прашањето дали постои можност епидемијата на коронавирусот да се претвори во пандемија.

Тој додаде дека Франција е подготвена да се справи со сите предизвици и дека нејзиниот здравствен систем е доволно силен и добро опремен.