Свет 27. август 2018. / 22:36

Венецуелците се плашат од нов бран глад

Венецуелците се плашат од нов бран глад

Според Меѓународниот монетарен фонд на крајот од годината, хиперинфлацијата на веројатно ќе достигне 1 000 000%

Во еден супермаркет во Каракас, една жена земала 12 литри млеко во рацете.

„Подоцна нема да има ништо повеќе”- вели таа.

Се плаши дека недостигот ќе се влоши уште повеќе во Венецуела по новата офанзива на владата во обид да го совлада покачувањето на цените.

Пет големи трговски синџири се санкционирани за „шпекулации”. Во други малопродажни места, менаџерите се притворени под обвинение за покачување на цените. Овие мерки имаат за цел да ја запрат хиперинфлацијата која на крајот на годината, според Меѓународниот монетарен фонд, најверојатно ќе достигне 1 000 000%.

Санкциите против Каракас доведоа до долги редици на луѓе кои се обидуваат да добијат т.н. контролирани производи. Ориз, пченкарното брашно, кое е главен производ во Венецуела, сè уште не може да се најде на полиците. Јајца, пилешко месо и говедско месо ретко се наоѓаат