Свет 11. февруари 2019. / 11:01

Венецуела во криза, Мадуро ја почнува најголемата воена вежба

Венецуела во криза, Мадуро ја почнува најголемата воена вежба

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера официјално ја почна најголемата воена вежба во земјата, што беше пренесувано во живо на националната телевизија.

Пред да почнат воените вежби, претседателот пристигна во северната покраина Миранда за да ја прегледа воената опрема, вклучувајќи ги руските ракетни лансери што ги користат венецуелските вооружени сили.

Воената вежба ќе трае до 15 февруари и ќе бидат најголемиот и најважниот ваков настан во 200 години постоење на земјата, рече Мадуро.

Претходно, Мадуро најавуваше воена вежба на која вооружените сили ќе тренираат одбрана на територијата на татковината од странска инвазија. Војската исто така ќе ги ажурира механизмите за цивилна и воена мобилизација.

Мадуро рече дека националните вооружени сили мора да бидат подготвени да ја одбранат Венецуела.

Политичката ситуација во земјата се влошуваше веќе некое време, а ескалираше минатиот месец кога опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за привремен претседател по телефонски разговор со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

САД, Канада и десетина европски земји изразија поддршка за обидот за државен удар, а Русија, Кина, Мексико, Куба, Боливија, Никарагва, Иран и Турција покажаа солидарност со демократски избраниот претседател Мадуро и ги повикаа големите светски сили да не се мешаат во внатрешните работа на Венецуела.

Мадуро ги обвини САД дека оркестрираат државен удар во латиноамериканската земја и рече дека Каракас ги прекинува дипломатските односи со Вашингтон.