Свет 09. март 2019. / 19:25

Венецуела ќе се жали во ОН за саботажа на електричната мрежа

Венецуела ќе се жали во ОН за саботажа на електричната мрежа

Венецуела ќе поднесе жалба до високата комесарка при Обединетите нации за човекови права Мишел Башеле, поради саботажа на електричната мрежа во земјата.

За власта на Венецуела „американскиот империјализам“ е виновен за саботажата на електро системот.

Во четвртокот поголемиот дел од Венецуела остана без  струја скоро 24 час, а државниот фирма за електрична енергија соопшти дека причина за недостатокот на електрична енергија била саботажа во хидроелектраната „Симон Боливар“ која е најголема во земјата.

-Ќе поднесеме жалба за да се обезбеди почитувањето на човековите права во нашата земја“, изјавил министерот за култура на Венецуела  Хорхе Родригес. Според него саботажата требало да ја остави Венецуела неколку дена без струја , што би бил „најбруталниот чин на агресија во изминатите 200 години, пренесе Тасс.

Министерот Родригес воедно најавил дека делегација од кабинетот на високиот комесаријат на ОН за човекови права наскоро ќе ја посети Венецуела.