Околу 2,3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата погодена од политичка и хуманитарна криза поради недостиг на прехранбени производи и лекови, покажуваат податоците на Обединетите нации.
Тие се сместиле во други јужноамерикански држави како Колумбија, Еквадор, Перу и Бразил.
„Како основна причина за заминувањето од Венецуела тие го посочија недостигот на храна“ посочи Стефан Дижари, портпарол на Обединетите нации.
Приближно 1,3 милиони луѓе во Венецуела се соочуваат со недостиг на храна, а повеќе од 100.000 носители на вирусот ХИВ/СИДА и се во опасност поради што немаат пристап до лекување.
Во земјата повторно се појавија исчезнатите болести како ситни сипаници, маларија, туберкулоза и дифтерија.
Според експертот за миргација Томас Паес Браво, откако поранешниот претседател Уго Чавез дојде на власт во 1999 година околу три милиони луѓе заминале од Венецуела. Според венецуелската опозиција нивниот број е речиси четири милиони.