Владата на Венецуела, која во средата на американските дипломати им даде рок од 72 часа за напуштање на земјата се предомисли.
И дозволи дипломатите од САД да останат во Венецуела додека траат преговорите меѓу двете страни, но не подолго од 30 дена.
Претседателот Николас Мадури во средата ги прекина дипломатските односи со САД откако тие го поддржаа опозицискиот лидер Гуаидо и го прогласија за преоден претседател.
Тогаш Мадуро на вработените во амбасадата на САД во Венецуела им даде рок од три дена да ја напуштат земјата, но администрацијата на Трамп одби да ја послуша оваа директива, со тврдење дека Мадуро не е легитимен претседател.
НОвата одлука на владата на Венецуела го одлагаат можниот судир меѓу двете земји пренесуваат дела од американските медиуми.
Министерството за надворешни работи на Венецуела соопшти дека во моментов преговара за воспоставување на Канцеларија за интересите на САД во земјата и дека ќе им дозволи на вработените во американската амбасада во Каракас да останат во земјата додека траат преговорите, пренесе АП.
Во соопштението се наведува дека преговорите за воспоставување а Канцеларија ќе бидат ограничени на 30 дена и дека ако во тој рок не биде постигнат договор , дипломатите ќе мора да ја напуштат Венецуела.
Венецуела во моментов има два претседатела Никола Мадуро и актуелниот прв човек на Парламентот Хуан Гуаидо кој самиот се прогласи за шеф на државата.