Свет 29. јануари 2019. / 19:53

Венецуела: 40 загинати, 24.000 уапсени!

Венецуела: 40 загинати, 24.000 уапсени!

Во неодамнешните протести и насилства на улиците на Венецуела се верува дека се убиени 40 лица.

Од нив 26 ги убиле провладините воени сили, пет лица загинале при рациите на домовите, а 11 за време на грабежи, изјавил портпаролот на Обединетите нации за права на луѓето Рупер Колвил.

Според неговите зборови меѓу 21 и 26 јануари годинава се уапсени повеќе од 850 лица, вклучувајќи и 767 деца, од кои некои имале и по само 12 години, пренесе Ројтерс.

Во јануари низ земјата се уапсени точно 23 696 лица, што е рекорден број на уапсени во Венецуела во последните 20 години.