Свет 29. април 2018. / 12:25

Венеција постави капии за да спречи наплив од туристи

Венеција постави капии за да спречи наплив од туристи

Италијанскиот град Венеција постави привремени капии на два моста преку кои се влегува во градот за да се запре приливот на туристи во случај нивниот број да стане преголем.

Мерката ќе биде на сила во текот на празничните денови, заклучно со вторник.

Полицијата го надгледуваше доаѓањето на туристите и проценила дека се уште нема потреба да се затвораат капиите.

Во Венеција има многу повеќе туристи отколку жители, а тесните улички за време на празниците стануваат речиси непроодни.

Градот со децении не може да најде решение за постојаното намалување на бројот на жители, но живее од туризам.