Свет 12. мај 2018. / 15:59

Венеција им забрани на рестораните да нудат храна за носење

Венеција им забрани на рестораните да нудат храна за носење

Властите на италијанскиот град Венеција им забранија на рестораните да нудат „храна за носење“ во следните три години, како и да се отвораат нови ресторани од овој тип.

Локалните власти соопштија дека ја вовеле мерката, со цел да се намали количината на отпад во градот. Овие правила нема да важат за продавачите на сладолед, но ќе влијаат врз пицериите и објектите што продаваат различни видови брза храна.

Голем дел од туристите кои ја посетуваат Венеција преферираат да купуваат храна и да ја конзумираат во чекор, додека ги истражуваат градските знаменитости, пришто зад себе оставаат големи количини ѓубре, што претставува проблем за градот.Покрај тоа, забележано било и зголемување на бројот на гулабите кои се населиле во Венеција и почнале да им прават проблеми на локалните жители и покрај тоа што се воведени строги казни и забрана за хранење на гулабите на улиците.