Свет 27. јули 2020. / 14:54

Венеција го намали бројот на луѓе што можат да  се превезуваат во гондолите: Туристите се сè подебели

Венеција го намали бројот на луѓе што можат да  се превезуваат во гондолите: Туристите се сè  подебели

Во Венеција беше воведено ново правило пред неколку дена, имено, ограничен е бројот на луѓе што можат да влезат во една гондола.

Како причина е наведен фактот дека туристите се здебелиле и како гондолите се преоптоваруваат заради тоа, пишува Си-Ен-Ен.

Иако многумина првично мислеа дека властите го воведуваат ова правило за да се почитува физичката дистанца, вистината е малку поинаква.

„Туристите се повеќе се дебелеат во последните десет години, така што е многу полесно да се ограничи бројот на луѓе што можат да влезат во гондолата отколку да се стави на вага секој поединец“, објаснуваат туристичките работници.

Бројот на луѓе што можат да седат во една гондола е намален од 14 на 12.

“Понекогаш се чини дека ставаме бомби во гондола, луѓето се толку тешки што во еден момент водата почнува да се влегува во пловилото и ние почнуваме да тонеме. Станува опасно да се плови со премногу луѓе”, објасни Раул Ровертато, претседател на здружението за гондолиери.

Венецијанските канали беа целосно исчистени поради недостатокот на сообраќај за време на карантинскиот период. Вреди да се нагласи дека, иако оваа година бројот на туристи е многу помал од лани, Венеција полека се враќа во живот и ги пречекува туристите.