Свет 18. ноември 2020. / 13:40

Велика Британија ќе ги забрани сите возила на бензин и дизел по 2030 година

Велика Британија ќе ги забрани сите возила на бензин и дизел по 2030 година

Продажбата на нови возила на бензин и дизел ќе бидат забранети во Обединетото Кралство по 2030 година, соопшти Британската влада.

Забраната е дел од новиот план за борба против климатските промени, кое исто така вклучува и користење на водород за греење.

– Ќе ја искористиме науката за да го уништиме вирусот, а мора да ги користиме истите извонредни моќи на новите изуми за да ја поправиме штетата предизвикана од Ковид-19, рече премиерот Борис Џонсон во колумна за Фајненшл Тајмс.

Во својот план во 10 чекори, Џонсон изјави дека ќе „мобилизира“ 12 милијарди фунти за владина инвестиција, како и плус потенцијални три пати поголем буџет од приватниот сектор со цел за создавање на 250,000 нови зелени работни места.

Планот на Џонсон вклучува искористување на енергијата од ветерот за снабдување на домовите со енергија, како и развивање на нова генерација на реактори за снабдување со нуклеарна енергија како најчист извор.

Планот за главна цел има да ја забрза транзицијата кон електрични возила, правејќи ги возењето точак и пешачењето попривлечни за луѓето, претворање на градбите во зелени, потопли и енергетски поефикасни.

Џонсон исто така цели кон вклучување на новата технологија со цел да зароби и отстранува штетни емисии на јаглерод диоксид, со главна цел за отстранување на 10 метрички тони на Јаглерод диоксид од атмосферата до 2030. Покрај тоа, се очекува да се засадат 30,000 хектари дрва на годишно ниво, секоја година, а Лондон да се направи тн. „светски центар на зелените бизниси“.