Велика Британија би можела без договор да ја напушти ЕУ ако лидерите на Унијата не го променат ставот во врска со границата со Ирска, се закани денекса британскиот министер за сообраќај, Крис Грејлинг
Во интервју за британскиот национален сервис, Грелинг потенцираше дека во моментов е невозможно да се прифати она што го бара унијата во врска со Северна Ирска.
Британската премиерка Тереза Меј пак ги повика земјите членки на ЕУ да престанат да предлагаат решенија кои може да доведат до поделба на државата.
Ваквата реакција на Меј следи откако еден од предлозите кој бил покренат за време на средбата во Салцбург бил Северна Ирска да остане во трговски сојуз со Европската унија, за да се избегне воведување на гранични контроли, меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која е дел од Унијата.
„И двете страни се договоривме дека нема да има повлекување се додека не биде постигнат договор. Но тој договор, не смее да ја подели Велика Британија на два дела.“ – изјави Тереза Меј – Премиер на Велика Британија.
Претседателот на Еропскиот Совет, Доналд Туск, веќе ги предуореди Бринаските власи дека воопшто не е прифатлива преговарачката позиција на официјален Лондон за границата со Северна Ирска.
„Во однос на прашањето за границата со Ирска или пак Економската соработка, Предлозите на Велика Британија треба да бидат променети и да продолжиме да преговараме за нив.“ – изјави Доналд Туск – Претседателот на Еропскиот Совет.
А претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер денеска порача дека Европската унија и Велика Британија би требало една кон друга да се однесуваат како два вљубени ежа, кои не сакаат меѓусебно да се повредат…Според Јункер, кога тие се прегрнуваат мора да бидат внимателни да нема гребнатини и на двете страни…..