Свет 27. март 2019. / 13:46

Вебер: Имаме потреба од независен механизам за правната држава внатре во ЕУ

Вебер: Имаме потреба од независен механизам за правната држава внатре во ЕУ

Европската унија има потреба од нов, политички независен механизам, со сериозни санкции како кратење на фондовите на ЕУ, кога една национална влада скршнува од демократскиот пат на земјата, изјави во интервју за романскиот информативен сајт „Зиаре“ Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија (ЕПП) за претседател на Европската комисија.

Во однос на активирањето на Член 7 од Договорот на ЕУ, каква процедура веќе е стартирана во однос на Унгарија и Полска, Вебер изјави дека ова е важен инструмент и треба да биде зачуван.

-Но постои впечаток дека не ги произведува саканите резултати или не доволно брзо. Затоа имаме потреба од независен механизам за правната држава внатре во Европската унија (…) Имаме потреба од независна проценка годишно за секоја земја членка, не само за новите членки, но исто така и за старите-рече Вебер.

Тој истакна три критериуми врз кои треба да се заснова оваа проценка: борбата против корупцијата, независноста на судството и независноста на медиумите.

-Можеме да размислиме за механизам кој ќего сопре европското финансирање во слични случаи (при нарушување на правната држава), но тоа треба да биде компензирано со националните буџети. Така оние кои се потпираат на фондовите на ЕУ, на пример земјоделците, ќе си ги добијат парите, нема да изгубат ништо, а владата ќе биде принудена да најде решенија за обесштетување- објасни кандидатот на ЕПП за претседател на ЕК.