Свет 02. мај 2018. / 17:49

Важно соопштение од сепаратистичката организација ЕТА

Важно соопштение од сепаратистичката организација ЕТА

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА соопштила дека во целост ги “расформирала сите свои структури“.

ЕТА пред две недели се извини за злото кое го нанела врз жртвите и членовите на нивните семејства во текот на половина век вооружена борба за независност на Баскија, на северот на Шпанија и југозападот на Франција.

Медиумите тогаш јавија дека се очекува ЕТА во почетокот на мај да го објави конечното расформирање, со што ќе се стави крај на повеќедецениската насилна кампања за независност на Баскија од Шпанија.

Таа организација во 2011 година прогласи прекин на огнот, а оружјето го положи во април минатата година.

ЕТА е одговорна за смртта на повеќе од 800 луѓе, вклучувајќи политичари, полицајци и бизнисмени.

И Франција и Шпанија, каде што ЕТА ги изврши повеќето од своите смртоносни акции за повеќе од 40 години, побараа нејзино распуштање.