Свет 31. март 2020. / 12:30

Ватикан во страв: Кардинал којшто имал редовни средби со Папата е позитивен на корона вирусот

Ватикан во страв: Кардинал којшто имал редовни средби со Папата е позитивен на корона вирусот

Кардиналот Анџело де Донатис, кој е викар во Рим и еден од најважните луѓе во Католичката црква е заразен со корона вирусот.

Како што објави Си-Ен-Ен, Де Донатис бил примен во болница со треска, но од црквата велат дека состојбата му е стабилна.

– Смирен сум и самоуверен. Му се препуштив на Бог – рекол кардиналот.

Папата Франциск во 2018 година го прогласи Де Донатис за кардинал, а италијанските медиуми пишуваат дека двајцата редовно се гледале во изминатиот период.

Исто така, локалните медиуми наведуваат дека сите соработници на кардиналот веќе се ставени во самоизолација откако се покажал позитивен тестот на Де Донатис.