Свет 17. август 2018. / 13:10

Ватикан: Сексуалната злоупотреба на децата во црквите во САД остро се осудува

Ватикан: Сексуалната злоупотреба на децата во црквите во САД остро се осудува

Директорот на прес-службата на Ватикан, Грег Берк, во врска со откривањето на случајот во кој стотици католички свештеници во американската сојузна држава Пенсилванија сексуално злоупотребиле над илјада деца, истакна дека Ватикан остро ја осудува сексуалната злоупотреба на децата, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во врска со извештајот од Пенсилванија кој оваа недела беше споделен со јавноста, постојат само два збора што можат да се кажат со цел да се изразат чувствата против овие страшни кривични дела“, се вели во писменото соопштение на Берк, кој се осврна на извештајот во кој се наведува дека стотици католички свештеници сексуално злоупотребиле над илјада деца во Пенсилванија.

„Ватикан остро ја осудува сексуалната злоупотреба на децата. Злоупотребите наведени во извештајот се кривични дела, и треба да се осудат од морален аспект“, истакна Берк.

Берк рече дека поголемиот дел од случаите на злоупотреба наведени во извештајот се извршени пред 2000 година, и дека по 2002 година скоро не е забележан ниту еден ваков случај.

Според него, повеќето од жртвите на сексуална злоупотреба биле момчиња, а се забележани разни случаи на сексуална злоупотреба.