Свет 04. декември 2019. / 13:51

Вархељи: Проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет на Европскиот Парламент

Вархељи: Проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет на Европскиот Парламент

Новиот еврокомесар за проширување, Оливер Вархељи денеска изјави дека ќе продолжи да се залага за донесување на позитивна одлука за Македонија и Албанија пред Самитот на ЕУ во Загреб, што ќе се одржи во мај следната година.

Тој на тркалезната маса во Европски Парламент посветена на евроинтеграцијата на Западен Балкан, повтори дека е многу разочаран поради тоа што не беше постигнат консензус за отворање на преговори со Скопје и Тирана.

Еврокомесарот нагласи дека проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет на ЕП и најави дека Европска комисија набрзо ќе достави предлог за новиот пристап во процесот на проширување