Свет 23. септември 2020. / 12:50

Варга: Владеењето на правото завршува доколку се воведат финансиски санкции

Варга: Владеењето на правото завршува доколку се воведат финансиски санкции

Министерката за правда на Унгарија, Џудит Варга, коментирајќи ги планираните извештаи за владеењето на правото за земјите членки на Европската унија, порача дека владеењето на правото не смее да се користи како алатка за воведување финансиски санкции и политичка уцена.

Пополнувањето на ваквите годишни извештаи беше предложено од Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, пред нејзиниот избор.

Владеењето на правото е приоритет во Европа, но кога ќе се распореди на ниво на политички изјави, тоа лесно може да се претвори во владеење на уцена. Владеењето на правото нема точен концепт, но тоа е резултат на случувањата низ историјата и може да се процени само преку дијалог меѓу земјите-членки кои меѓусебно се почитуваат. Унгарија целосно се согласува дека владеењето на правото е приоритет, но кога се користи како алатка за уцена за разни политички цели, тогаш владеењето на правото завршува. околку се воведат финансиски санкции без да се прецизираат кои стандарди мора да се исполнат, тогаш владеењето на правото завршува – изјави Варга за радио „Косут“.

Министерката Варга смета дека ќе биде политички несфатливо извештаите да имаат последици затоа што земјите-членки не и дале такви овластувања на ЕК кога се приклучиле на Европската унија.

Искуството од последниве години покажа дека на мислењата на националните влади не им се посветува толку многу внимание како на псевдо-доказите конструирани од вкрстени препораки од различни невладини организации – вели Варга.