Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром изрази жалење поради тоа што Европска унија нема единствен став за израелско-палестинскиот конфликт.
Таа во интервју за Шведското радио изрази надеж дека ќе се изнајде некакво решение за новонастаната ситуација.
Валстром потсети дека ЕУ од 2009 година има заедничка платформа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на концептот за две држави.
– Сите разбираат дека преместувањето (на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим) е голем и негативен чекор. Тоа го менува целиот баланс и е спротивно на резолуциите на Обединети нации, истакна Валстром.
Три земји членки на ЕУ – Чешка, Унгарија и Романија не сакаат да го осудат дислоцирањето на Амбасадата на САД.
За време на отворањето на Американската амбасада во Ерусалим, на границата помеѓу Појасот Газа и Израел се одржа протест, што прерасна во насилство, при што се убиени најмалку 58 Палестинци, а 2.7000 се повредени.