Свет 22. ноември 2020. / 10:25

Вакцината против Ковид-19 на Модерна ќе се продава за 25 до 37 долари

Вакцината против Ковид-19 на Модерна ќе се продава за 25 до 37 долари
BRAZIL - 2020/11/13: In this photo illustration the medical syringe is seen with Moderna Therapeutics company logo displayed on a screen in the background. (Photo Illustration by Rafael Henrique/SOPA Images/LightRocket via Getty Images)

Вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ предвидена за Ковид 19, ќе чини од 25 до 37 долари, зависно од количината на нарачката, порача извршниот директор Стефан Бансел.

– Нашата вакцина ќе чини исто како и вакцината против грип која е помеѓу 10 и 50 долари, посочува Бансел.

Ројтерс пак, пренесува дека Европската Унија има за цел да постигне договор со кој ќе се набават повеќемилионски дози од вакцината, но за цена помала од 25 долари.

– Ништо не е потпишано, но сме блиску до договор со Европската комисија. Сакаме да ја испорачаме нашата вакцина во Европа и водиме конструктивни преговори, истакна директорот на „Модерна“.

Инаку, како што се познато од претходно, „Модерна“ изминатава недела објави дека ефикасноста на нивната вакцина е 94,5%, а истите резултати следуваа по последната фаза од клиничкото тестирање.

Исто така, оваа вакцина е стабилна на температури од два до осум степеи 30 дена и може да се чува исто така и на -20 степени во рок од шест месеци.