Свет 14. мај 2020. / 12:40

Вакцината за Ковид-19 може да биде готова „за една година“ од сега, велат од Агенција за здравство на ЕУ

Вакцината за Ковид-19 може да биде готова „за една година“ од сега, велат од Агенција за здравство на ЕУ

Вакцината против коронавирус може да биде подготвена за една година и тоа е оптимистичко сценарио, објави Европската здравствена агенција (ЕМЕА).

Шефот за вакцини на ЕМЕА – агенцијата што одобрува лекови за Европската унија – рече дека се сомнева во врска со тврдењата дека вакцините може да бидат достапни до септември.

Оваа своја претпоставка Агенцијата ја темели на податоците добиени од голем број експерименти.

-Доколку се оди според планот, можеме да видиме можност вакцината да ја добиеме за една година, изјави Марко Кавалери, шеф на тимот за откривање на вакцините.