Свет 16. декември 2020. / 16:21

Вакцината против Ковид-19 ќе пристигне дури во 2024та во најсиромашните земји

Вакцината против Ковид-19 ќе пристигне дури во 2024та во најсиромашните земји

Програмата Ковакс на Светската здравствена организација е главната глобална шема за вакцинирање на луѓето во земјите со ниски и средни примања ширум светот против коронавирусот, и има за цел до крајот на 2021-ва година да достави најмалку две милијарди дози вакцини, покривајќи 20 проценти од најранливите земји, главно во Африка, Азија и Латинска Америка.

Британските медиуми наведуваат дека поборниците на планот тврдат дека програмата се соочува со недостаток на средства, ризик за снабдување и сложени договори, што може да го оневозможат остварувањето на нејзините цели.

Во интерниот извештај на управниот одбор на компанијата Гави, која заедно со СЗО ја води програмата Ковакс, се наведува дека ваквиот неуспех може луѓето во сиромашните земји да ги остави без пристап до вакцини против Ковид-19 до 2024-та година.

Во извештајот уште се наведува дека „ризикот од неуспех е голем бидејќи шемата е поставена многу брзо и на неистражена територија.