Свет 03. август 2020. / 15:47

Вакцината од Оксфорд дава силен имунолошки одговор, а има минимални нуспојави

Вакцината од Оксфорд дава силен имунолошки одговор, а има минимални нуспојави

Научничката од Британија, докторката Сара Гилберт и нејзиниот тим од Универзитетот Оксфорд, ги оставија зад себе десетината други научни тимови од светот кои се натпреваруваат во трката за изнаоѓање вакцина против корона вирусот.

Извешатите кои минатата недела ги објави докторката Гилберт покажуваат ветувачки резултати, а испитувањата на оксфордската вакцина извршени врз 1.077 доброволци, откриваат дека по примањето на вакцината, телото дало силен имунолошки одговор со незначителни нуспојави.

За неа, трката за вакцина претставува трка за спас на човештвото. Со оглед дека Ковид-19 секојдневно заразува десетици илјади луѓе, таа и нејзиниот тим немаат многу време и брзаат да го завршат проектот – вакцина, која би била едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината.

Нивната вакцина е првата која влезе во третата фаза од испитувањето. Повеќе од 10 илјади учесници во Британија, Бразил и Јужна Африка веќе ја добија дозата. Вториот дел од фазата 3 вклучува 30.000 учесници од САД и таа треба да почне оваа недела.

Импресивниот напредок на тимот составен од 250 лица кои ги предводи докторката Гилберт не да зачудува ако се има предвид дека кога се случи епидемијата на ебола, Институтот Џенер, каде таа тогаш работела, заедно со Универзитетот Оксфорд беа лидери во испитувањата, а Гилбер, одговорна и за составување на тимот за брза реакција на СЗО против „болеста икс“, како што тогаш била наречена еболата.

Очигледно е дека патогенот, или болеста икс е сега Ковид-19 а Гилберт е подготвена, имајќи предвид дека подлога за тоа и даваат долгогодишните истражувања на Мерс-от.

На Ковид-19 почнала да работи на 10 јануари 2020, веднаш штом кинеските научници ја објавија генетската низа на вирусот.

За вакцината против корона вирусот користи аденовирус од шимпанзо (вирус од обична настинка) со генетски материјал од протеинските капки на вирусот „Сарс-Ков-2“, за да го поттикне имунитетот на телото да се бори со вирусот.

Вакцината, во првичните испитувања стимулирала антитела и Т-ќелии (бели крвни зрнца) кои би го туркала имунитетскиот систем да го уништи Ковид-19.