Свет 18. февруари 2021. / 08:56

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ употребена за првпат во Јужна Африка

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ употребена за првпат во Јужна Африка

Вакцинацијата против коронавирус започна и во Јужна Африка, а оваа земја стана првата во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“.

Првата вакцина од 80 000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун, а кратко потоа вакцината му беше дадена и на претседателот на државата Сирил Рамафоса.

Уште 420 000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но сепак предизвикува имунолошки одговор, како што се и вакцините на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник V”. Кај оксфордската вакцина, „Џонсон и Џонсон“ и „Спутник V“ се користи вирусен вектор, безопасен вирус, кој е направен за да содржи ген за САРС ков- 2 Ес- протеин. Она што се смета за предност на оваа вакцина е што ефикасноста се постигнува само со една доза.