Парламентот на Уганда усвои закон со кој се воведува контроверзна такса за сите оние кои користат социјални мрежи.
Корисниците на Фејсбук, Вацап, Вибер и Твитер од сега дневно ќе мора да плаќаат по 0,05 долари.
Иницијативата да се донесе нов закон ја покрена претседателот на Уганда Јовери Мусевени кој верува дека корисниците на социјалните мрежи озборуваат, па со оваа мерка би се спречило тоа.
Новиот закон ќе почне да се применува од први јули, иако е нејасно на кој начин ќе се направи тоа.
Со законот се воведуваат уште неколку такси, меѓу останатите и данок од еден процент на сите парични трансакции кои се обавуваат преку мобилен телефон.