Свет 27. јули 2018. / 19:12

Уште една жртва во пожарите во Калифорнија

Уште една жртва во пожарите во Калифорнија

Тој е втора жртва на пожарите во северна Калифорнија, откако вчера загина и еден возач на булдожер кој учествувал во справувањето со огнената стихија.

Според податоците на Одделот за противпожарна заштита, пожарите досега уништиле 65 објекти, а околу 500 други се во опсаност да бидат зафатени од огнот.

Најголем е пожарот во реонот на Рединг, кој се шири брзо поради сувото време и силните ветрови. Пожарот избувна во понеделникот и до денеска зафати површина од 70 квадратни милји  (180 километри квадратни).